Мојата Работа

Две години по ред сум дел од изложбата „Фотоколонија Пелагонија“, а ова лето бев дел од изложба во Крушево
Фотографирам неколку години и во продолжение ќе ви раскажам на кратко за моето „дружење“ со фотоапаратот и многу прекрасни луѓе ширум Македонија и Балканот.
Две години по ред сум дел од изложбата „Фотоколонија Пелагонија“, а ова лето бев дел од изложба во Крушево во рамки на настан организиран од Дом на култура „Наум Наумовски Борче“.
Меѓу првите искуства е фестивалот на отворено When in Krusevo, но се’ започна со аматерско фотографирање на Апартмани Наде во населбата Езерски Лозја во Струга, сместувачки објект на моето семејство.
Со намера за подобра промоција и збогатување на содржината на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ започнав да ги фотографирам апартманите, го фотографирав езерото, прекрасната населба Езерски лозја во лето и во зима и се она што е вредно да се види во градот Струга.
Започнав со телефон и некако се роди желба за да го „проширам“ фотографирањето. Го добив првиот апарат на подарок и некако се поклопија коцките за јас да почнам да фотографирам.
Ја фотографирав Струга, се проширив кон Крушево и денес фотографирам и на Балканот.
Така дојдов до мојот прв настан, а после тоа следеа многу музички, спортски и општествени настани кои ги фотографирав. Од When in Krusevo, преку Европско првенство во пинг понг и Град на култура, до изложби на моите фотографии.
Започнав и со печатење на моите фотографии за истите да украсат и разубават нечиј дом. Многу луѓе ме исконтактирале и изразиле желба да добијат моја фотографија и истата да ја постават во својот дом или да ја подарат на свој близок.
Мојата работа продолжи да се шири и стигнав до неколку магазини, весници и „онлајн“ портали. Мои фотографии, интервјуа и прилози се објавиле во дневниот весник „Слободен печат“, на порталот eespreso.mk, а последната соработка е за најпосетениот магазин glamur.mk.
